Вистина е дека соларните системи бараат голема инвестиција, но од друга страна се согледува колкава заштеда имаат семејствата.
Затоа и секоја година се зголемува побарувачката за соларните панели. Во зависност од производителот на опремата, еден соларен систем за четиричлено семејство може да чини од 500, па сѐ до 1.500 евра. Вложените средства се враќаат за 4 до 5 години, а системите работатод 10 до 15 години.
Се повеќе граѓани бараат начин како да ги намалат трошоците Современи системи со панели за апсорбирање на сончевите зраци и затоплување на водата, но и стари бојлери премачкани со црна боја може да се забележат на покривите на куќите низ земјава.
Ако се определи за соларни панели, едно просечно домаќинство заштедува дури 10 000 денари на годишно ниво. Со оглед на тоа дека просечниот животен век на соларните колектори е долг, инвестирањето во нив е дефинитивно многу исплатливо.
Македонските граѓани сѐ повеќе се ориентираат кон искористување на сончевата енергија, а пред сѐ за да ги намалат трошоците за загревање на санитарната вода.