Старт ап компанија од германскиот град, Минхен летово ги прави последните тестирања на системот за напојување за својот модел „Сион“, електрично возило што се полни за време на возење преку соларни ќелии.
Владата во април објави дека е подготвена да ги поддржи компаниите кои произведуваат батерии за електрични возила.
Германија веројатно нема да го реализира проектираното ниво од вкупно милион електрични возила на своите патишта до 2020 година.
Соно Моторс, основан во 2016 година, го развива моделот „Сион“, што е во целост електрично возило со соларни ќелии вградени на каросеријата. „Сион“ може да се напојува преку соларна енергија, преку конвенционалните електрични приклучоци или од другите електрични автомобили.
Почетокот на неговото производство се планира за втората половина на 2019 година во германската фабрика. Соно сега има околу 5.000 порачки. Продажбата на возилото по цена од 16.000 евра ќе започне во 2019 година.