Токио ја предводи листата на најиновативните градови во светот, така што ги надмина Лондон и Њујорк благодарение на перцепцијата на светските трендови во роботиката и „3D“ производството, пренесува „Ројтерс“.
Јапонската престолнина се искачи брзо во рангирањето по влегувањето во првите десет според индексот на Иновативните градови пред три години, кога остана зад Париз. Токио е еден од трите азиски градови што се рангираат оваа година.
„Она што навистина не изненадува оваа година, е активирањето на Токио, кој се искачи нагоре, засенувајќи конкурентни градови како Бостон“, вели Кристофер Хајер, директор на давателот на трговските податоци „2thinknow“ кој ја објави годинешната листа.
„Тие покажаа јасна насока, откако ја примија промената во паметната технологија, за да поведат во иновациите и лидерство при она што го определивме како долготрајни двојни трендови во перцепцијата на светските трендови на роботиката и „3D“ производство“, додава тој.
Сингапур, Сиднеј и Сеул исто така се рангира високо според индексот, кој ги оценува градовите по 162 показатели, меѓу кои веб цензура, распределба на богатството и потенцијалот за зелен бизнис.
Сан Франциско и Њујорк исто така, спаѓаат во првите пет, а помали американски градови, како Сан Диего, Портланд и Оукланд се рангирана високо така што демонстрираат атрактивноста за технолошките компании, кои не можат да си ги дозволат цените во „Bay Area“, Сан Франциско.
Лондон е поставен на второ место, откако беше надминат од Токио, а Европа губи позиции со помалку градови во топ 100 во споредба со претходните години.
Јапонија го освои угледот на земја која брзо ги усвојува новите технологии.
Таа неодамна претстави технологија за препознавање на лицето пред Олимписките игри во Токио во 2020-та година и инвестира во вештачката интелигенција за автомобили, болници и финансиски услуги.