Актуелно 12.10.2018 23:09

SAP формира моќен блокчеин конзорциум

SAP формира моќен блокчеин конзорциум

Две индустриски групи, посветени на развојот на иновации со блокчеин технологии, формира околу себе развивачот на корпоративен софтвер SAP, стана јасно во текот на неделата.

Во иницијативата SAP Blockchain Consortium влегуваат фармацевтски и медицински компании, производители на земјоделски и стоки за широка потрошувачка, како и трговците на мало (ритејлери).

Клиенти, партнери на SAP и други играчи на пазарот ќе работат заедно на решенија со користење на блокчеин во избрани индустрии, за соработка меѓу индустриите и прибирањето на предности од блокчеин мрежи.

Двете нови групи ќе го надополнат веќе постоечкиот конзорциум од ИТ компании со учество на SAP, кој минатата година го удвои својот состав. Во моментов трите индустриски конзорциуми бројат 35 учесници, вкл. компании како AmerisourceBergen, Arvato, CONA – Coke One North America, GlaxoSmithKline и Maple Leaf Foods.

Блокчеин е моќна алатка за зголемување на довербата и транспарентноста и поедноставување на соработката меѓу компаниите, забележува менаџерот за дигитални кориснички програми во SAP – Гил Перез.

Според неговите зборови, услугите на SAP ќе им овозможат на клиентите на компанијата да извлечат корист од блокчеин технологијата со помош на едноставна интеграција, технолошка флексибилност и заеднички иновативни рвои за одделни индустрии.