Финансии 03.05.2018 10:15

АД Алкалоид, позитивни резултати во првиот квартал

АД Алкалоид, позитивни резултати во првиот квартал

Акционерското друштво Алкалоид соопшти дека во периодот јануари-март годинава остварило раст од 9% на консолидираниот извоз, зголемување на консолидираната нето добивка од 7%, инвестиции во вредност од 357 милиони денари, а биле отворени и 51 ново работно место.

Според билансот за успех, тоа подразбира позитивни финансиски резултати. Во периодот јануари-март вкупната продажба достигнала околу 2 милијарди и 458 милиони денари, што е за 5% повеќе од истиот период лани. Од вкупната консолидирана продажба, 36% е реализирана на домашниот пазар, а 64% во странство. Од тоа, 34% од продажбата заминала за Русиј, а и 20% во Западна Европа.

 

 

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.