Актуелно 10.07.2024 08:04

АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ОДИ“ ВО ИСТОРИЈА: вработените не остануваат на улица – еве кои други ќе бидат „под капата“ на Министерството

АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ОДИ“ ВО ИСТОРИЈА: вработените не остануваат на улица – еве кои други ќе бидат „под капата“ на Министерството

Агенцијата за енергетика наскоро ќе престане да постои, согласно предлогот на неколку пратеници за престанување на важењето на оваа институција. Предлогот на Бојан Стоајноски, Дафина Стојаноска, Драгана Бојковска, Ели Панова и Марија Митева е надлежностите на Агенција да се пренесат на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Оваа институција во иднина ќе подготовува среднорочни и долгорочни стратегии и развојни планови и програми. Исто така и грижата за енергетска ефикасност и користење обновливи енергетски извори ќе ја преземе новото министерство, заедно со активности за инвестициони проекти, а ќе бидат надлежни и за регионална соработка…

Планот е опремата, инвентарот, архивата, документацијата, средствата за работа и другите средства на Агенција за енергетика да се пренесат на Министерството на денот на влегување во сила на овој закон. Истото ќе се лу и со вработените.

– Вработените од Агенција за енергетика се преземааат во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини согласно актите за организација и систематизација. Со влегување во сила на овој закон престанува мандатот на директорот и членовите на Управниот одбор на Агенцијата. Договорите за вработување на определено време, авторските договори и договорите на дело склучени до денот на влегување во сила на овој закон, со денот на влегување во сила на овој закон престануваат да важат – се нагласува во законот кој ќе се примнува по објава во Службен весник.

Но, покрај оваа измена, во Собранието на предлог на истите пратеници доставени се повеќе законски измени, поврзани со формирањето на новото министерство кое ќе го раководи Сања Божиновска.

Па така, под „капата“ на ова министерство ќе влезе грижата за нафтените резерви, за што ќе биде именуван директорот на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви по претходна согласност на Министерството. Меѓу неговите надлежностите ќе бидат и ингеренциите за контрола на предметите од скапоцени метали, нивниот состав и содржина (финост), начинот на нивното испитување, жигосување, условите за пуштање во промет и надзорот.

Државниот инспекторат за техничка инспекција ќе се трансформриа во Државен инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини како орган во состав на Министерството за енергетика. Исто така и Геолошкиот завод на Република Македонија, како и Бирото за метрологија ќе преминат под ингеренциите на новоформираното Министерството.

Во негови ингеренции ќе бидат и надлежностите за миниералните суровини.

– Со Законот за минерални суровини се уредуваат: уловите и наио на вршење геолошки истражувања, поттикнувањето и унапредувањето на геолошките истражувања со цел да се обезбеди нивна оптимална искористеност во согласност со начелата на одржлив развој и заштита на животната средина,поттикнувањето и унапредувањето на експлоатацијата на минералните суровини… – се нагласува во измените на Законот за минерални суровини доставен во собрание согласно кое сега овие надлежности исто така се под Министерството за енергетика.