Airbnb го купи дански Gaest.com, онлајн платформа за изнајмување простор за состаноци, пренесува Business Insider.
Gaest е основан во Данска во 2015 година, од страна на Андерс Могенсен. Оваа платформа ја користат корисници за да резервираат просторија за состаноци, team builing и слични настани. Исто така, им овозможува на сопствениците да го понудат својот простор за изнајмување, исто како што Airbnb им дозволува на домаќините да ги изнајмат своите простори.
Цената по којашто е направено ова преземање не е позната. Airbnb последен пат во 2017 година беше проценет на 31 милијарди долари.