Акциите на берзите ширум светот вчера беа во пад, бидејќи американско-кинеската трговска војна повторно почна да предизвикува загриженост.
Акциите на Wall Street веднаш по отварањето на берзата паднале, откако претходно и европските и азиските пазари се слизнале по патот, пренесува агенцијата AP.
Индустриските компании забележаа најголема загуба, при што повеќе од 80 проценти од акциите на индексот S&P 500 регистрирале пад.
Поширокиот индекс на S&P500 вчера ослабе за 0,6%, индустрискиот Dow Jones за 130 поени или 0,5% на 25,732 поени, а технолошкиот Nasdaq за 0,7%.
Во Европа, германскиот индекс DAX потонал за 1,1 проценти, германскиот CAC40 за 0,7 проценти, а лондонскиот FTSE100 за 0,5 проценти.
Во Кина, шангајскиот индекс протона за 2,5 проценти, што е негов најголем пад од минатата недела кога забележал загуба од 5,6 проценти.
Хонкошкиот индекс Hang Seng ослабел за 1,2 проценти, јужнокорејскиот Коспи за 0,6 проценти, додека само јапонскиот Nikkei 225 се зголемил за 0,9 проценти.