Мозаик 18.09.2018 19:15

Акциите на Pandora се зголемуваат поради можното преземање

Акциите на Pandora се зголемуваат поради можното преземање

Акциите на данската компанија за накит, „Pandora“ поскапеа за околу 10% денеска, откако се појави информација дека фондовите за удели во инвестиции ги испитуваат потенцијалните можности за нејзино купување, соопштува „Ројтерс“.

„Pandora“, која е позната по своите прекрасни сребрени белегзии, минатиот месец го ослободи својот извршен директор, во обид да ја поврати довербата на инвеститорите, откако се појавија предупредувања за нејзиниот финансиски резултат и намалуањето на персоналот.

Поевтинувањето на акциите на „Pandora“ со над 50% од мај наваму предизвика интерес за потенцијално купување на компанијата од страна на приватни фондови, вклучувајќи ги „KKR & Co“, „Bain Capital“ и „Carlyle“, соопштува италијанскиот финансиски весник „Il Sole 24 Ore“, без да се цитираат извори.

Цената на акциите на „Pandora“ се зголеми за 8,4 отсто на 408,30 DKK (64 долари). За споредба, во април, акциите на компанијата беа 693 круни.

Предупредувањето за профитот од минатиот месец беше упатено само седум месеци откако поранешниот извршен директор на компанијата Андерс Колдинг Фрис, беше критикуван од инвеститорите за лошата комуникација за време на тригодишниот мандат, ја утврди стратегијата за развојот на „Pandora“ до 2022-ра година.

Компанијата го избра Џереми Шуорц за нов главен оперативен директор, кој започна со работа на 1-ви септември. Шуорц е поранешен извршен директор на „The Body Shop“. Тој и главниот финансиски директор Андерс Бојер заедно ќе управуваат со компанијата до изборот на нов извршен директор.