Финансии 09.07.2024 08:40

Акцијата на Реплек ќе стане достапна за повеќе инвеститори

Акцијата на Реплек ќе стане достапна за повеќе инвеститори

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на Годишното собрание на компанијата одржано на 25.04.2024 година била донесена Одлука за поделба на обичните акциии издадени од Реплек и намалување на номиналниот износ на акциите во сооднос 1:10 .

-Врз основа на член 5 од оваа одлука уписот на поделбата на акциите во Централен за хартии од вредност АД Скопје ќе биде спроведен согласно состојбата на aкционерската книга на ден 12.07.2024 година, по спроведено порамнување на берзанските трансакции.

За целите на успешно спроведување на наведената Одлука, по извршени консултации и добиени насоки од Комисијата за хартии од вредност и Централниот депозитар за xартии од вредност, Ве известуваме дека на ден 12.07.2024 година времено ќе биде Македонската берза АД Скопје и истото ќе продолжи на 15.07.2024 година, информираа од компанијата.

Оваа одлука, според познавачите на берзанскиот пазар, значи акцијата на Реплек ќе биде достапна за повеќе инвеститори со што компанијата ќе привлече свеж
капитал.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.