лбанската владејачка социјалистичка партија упати апел до опозицијата да гласа за изборните реформи.
Преку координаторот на пратеничката група, Таулант Бала,социјалистите потсетуваат дека „тоа не е само внатрешна потреба на земјата,туку задача добиена од Советот на Европа“.
-Советот на Европа ни зададе домашни задачи, меѓу нив и изгласување на изборната реформа. Ние ја извршивме нашата должност. Мнозинството има задача да достави предлог. Затоа, сакам да ја повикам Демократската партија да дојде во Парламентот на 14-ти февруари и да гласа за изборните реформи, изјави Бала.
Според него во Предлог-законот се внесени сите барања на Демократската партија кои ги поставувала во јавноста или на средби со меѓународни претствници.
-Во законот се внесени сите барања на Демократската партија, електронското гласање, електронското броење итн. На опозицијата и дадовме бел лист за да напише што сака да стои во изборната реформа. Но тоа никогаш не се случи,- рече Бала.
Во меѓувреме опозицијата последниве денови одржува средби и протести низ земјата, апелрајќи на масовност на големиот антивладин протест закажан за 16 февруари „за рушење на Владата на Еди Рама,форморање преодна влада и спроведување предвремени парламентарни избори“.