Актуелно 27.02.2019 10:10

Албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај во осета на земјава

Албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај во осета на земјава

Овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај денеска престојува во работна посета на Македонија, во чии рамки ќе биде примен од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Како што соопшти денеска Министерството за надворешни работи, се очекува разговорите да бидат посветени на прашања значајни за билатералните односи меѓу двете земји, за перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, особено од областа на економијата, трговската размена и интерконективноста.

Исто така, ќе бидат разменети мислења и во врска со актуелните состојби во регионот, односно предизвиците и перспективите на земјите од регионот.

Покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Димитров, овластениот министер Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев и од потпретседателот на Владата надлежен за европски прашања, Бујар Османи.