Актуелно 01.03.2019 13:28

Александар Николоски прв предупреди дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите ниту во 2019-та

Александар Николоски прв предупреди дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите ниту во 2019-та

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, прв предупреди дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите ниту во 2019-та година.

Тој во својата колумна за „Независен весник“ насловена како „Со Заев и Димитров, ЕУ е само далечен сон“, пишува дека уште во ноември најавил дека ако Македонија не испорача на полето на реформите нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

-Тука би сакал да потсетам дека бев прв од македонските политичари кој уште минатата година во ноември најави дека ако Македонија не испорача на полето на реформите нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ ни во 2019 година, исто како што не доби датум ни во 2018 година, иако Заев и Димитров потпишаа да се промени името на Македонија. Тогаш на истите овие странци на „Независен весник“ во мојата колумна наловена „Црни сценарија“ напишав: „Сакам јавно да предупредам преку овие редови дека Македонија, доколку продолжи со ова ниско ниво на реализирани реформи, за жал, и следната година во јуни нема да добие датум за почнување преговори за членство во ЕУ. Без оглед на промената на името, ниското ниво на реализација на реформи во моментов е главната кочница Македонија да оди напред кон ЕУ“. Во истата колумна од 21 ноември додадов и „сакам да остане запишано дека седум месеци порано предупредував дека ако продолжи вака Македонија со ниско ниво на реформи, иако со променето име во Северна, понижена и ставена на колена, пак нема да добие датум за почеток на преговори во јуни 2019. Ќе бидам најсреќен доколку владата и Заев ме демантираат со својата работа и ова не се случи. Тоа ќе е добро за Македонија. Но како што сега стојат работите – многу тешко, напиша Николоски во колумната за „Независен весник“.