Aлфа открива нов голем финансиски скандал. Министерството за образование и наука во четири очи склучи два договори тешки околу 5,3 милиони евра со фирмите „Арс Ламина“ од Скопје и „Арбериа десигн“ од Тетово. Договорите се однесуваат на откуп на учебници за основно образованиеи дополнителен дидактички и работен материјал за адаптираните учебници од странство за учебната 2018/2019 година, објави телевизија Алфа.
Телевизија Алфа ексклузивно ги објавува двата договори кои се склучени во четири очи. На двата договори е потпишан министерот за образование и наука др Арбер Адеми. Првиот договор е во вредност од околу три милиони евра со фирмата Арс Ламина. И вториот договор е во вредност од околу 2,3 милиони евра и е склучен со фирмата Арберија дизајн од Тетово.
Според известувањето на Бирото за јавна набавки, Министерството за образование ја брани оправданоста за склучувањето на овие два договори во четири очи поради технички или уметнички причини.
Во делот на известувањето на бирото за јавни набавки стои дека двата договори се склучени на 14 август оваа година, а стапија во сила на 31 август односно вчера. Договорот со Арс медиа е заведен под бројот 19-9384/43 . А договорот со Арбериа дизајн е заведен под број 19-9384/42. И за давата договори е добиена само по една понуда по што Министерството за образование и наука пристапило кон склучување договори во четири очи.
Договорот со фирмата Арс медиа е во вредност од 178 495 166 денари и се однесува на купување учебници и помагала по математика, природни науки, хемија и италијански јазик.
Вториот договор или договорот со фирмата Арберија дизајн е склучен во вредност од 149 027 188 денари и се однесува за набавка на учебници по физика, биологија и природни науки.
Во двата договори со фирмите Арс медиа и Арберија дизајн, кои се потпишани од министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми во член 3 пишува дека целата постапка е спроведена без предходно објавување оглас за откуп на учебници, односно во четири очи.
Министерството за образование и наука согласно потпишаните договори со Арс медија и Арберија дизајн се обврзува дека половина од сумата ќе им биде исплатена до 30 декември оваа година, а останатиот износ заедно со ДДВ ќе биде исплатено до 30 мај 2019 година.
Инаку и двете фирми и се познати на македонската јавност. Според пишувањето на порталот Призма од 16.07.2018, фирмата Арберија дизајн се јавува како најголем поединечен донатор на партијата ДУИ во 2015-та со поединечна донација во вредност од 20 илјади евра како што е наведено во Извештајот доставен до Државниот Завод за ревизија.
Фирмата Арберија диузајн е формирана од 1995 година а како управител се јавува Хасим Хамзаи, а Фирмата Арс Ламина е формирана на 25 мај 2006 година а како Управител се јавува лицето Горан Црвенковски, кој е потпишан и на договорот со Министерството за образование и наука тежок околу три милиони евра.
Иако негираат било каква партиска поврзаност, во јавноста се шпекулира дека се работи за две фирми блиски на двете владеачки партии ДУИ и СДСМ.
Ова не е прв скандал што го тресе министерството за образование. Веќе подолг временски период министерството се врзува за многу скандали, односно договори кои се склучени во четири очи. Станува збор за милионски суми кои се плаќаат со пари на граѓаните и затоа Минисрството за оибразование и наука должат одговор зошто толку често во нивното работење се појавуваат вакви