Живот 11.04.2021 20:41

„Алтернатива за Германија“ побара државата да ја напушти ЕУ

„Алтернатива за Германија“ побара државата да ја напушти ЕУ

Мнозинството делегати на конгресот на „Алтернатива за Германија“ во Дрезден повикаа државата да ја напушти ЕУ, јави ДПА.

Резолуцијата со таа одлука беше поддржана од над 550 делегати.

„Според наше мислење, Германија треба да ја напушти ЕУ и да создаде нов европски економски простор што ги следи заедничките интереси“, се вели во резолуцијата.

Претставници на други партии го критикуваа гласањето. Излезот на Германија од ЕУ би бил крај на ЕУ и внатрешниот пазар, што е важно за нашиот извоз, напиша на Твитер потпретседателот на Слободната демократска партија во Бундестагот, Александер Ламбсдорф.

Тој ја обвини „Алтернатива за Германија“ за „глупав национализам“.