Економија 26.10.2018 22:47

„Амазон“ може да загуби 90 милијарди долари од пазарната вредност

„Амазон“ може да загуби 90 милијарди долари од пазарната вредност

Акциите на компанијата „Амазон“ паднаа десет отсто пред официјалниот почеток на тргувањето на берзата бидејќи продажбите на компанијата потфрлија во однос на очекувањата на „Волстрит“.

Акциите на „Амазон“ паднаа 9,7 отсто, односно на 1.610 долари пред огласувањето на ѕвоната за почеток на тргувањето.

Најновиот пад на акциите, доколку се повтори на официјалното отворање на „Волстрит“, ќе збрише речиси 90 милијарди долари од пазарната вредност на „Амазон“, проценува „Ројтерс“.

Приходот на меѓународниот бизнис-сектор на „Амазон“, кој учествува со 27,5 отсто од вкупната продажба, порасна 13,4 отсто во третиот квартал, што сепак е пониско во однос на очекуваниот и на растот од 27 отсто од претходниот квартал.

Компанијата очекува дека продажбата во тековниот празничен квартал до Божик ќе порасне меѓу 10 и 20 отсто, до 72,5 милијарди долари, а аналитичарите очекуваат продажба од 73,9 милијарди долари.