Економија 19.07.2018 11:33

Amazon продаде 100 милиони производи на Prime Day

Amazon продаде 100 милиони производи на Prime Day

Иако започна со недостапен сајт и краш на платформата, Prime Day на Amazon сепак беше успех.

Најголемата онлајн продавница за еден и пол ден успеа да продаде 100 милиони производи. Можеби и паѓањето на вебсајтот беше најдобар показател за оптоварувањето на платформата. Amazon Prime Day започна на 16 јули и траеше 36 часа, вели Reuters.

Дел од производите кои беа на продажба, пример Amazon Echo поставија рекорди за најмногу продадени уреди во еден ден.

Компанијaта во период од овие 36 часа најверојатно заработи помеѓу 1,5 и 2 милијарди долари. Овие бројки се само претпоставка со оглед на тоа дека вкупната продажба во овие 36 часа беше 3,5 милијарди.

Fire TV Stick with Alexa Voice Remote и Echo Dot беа најпродавани уреди на оваа распродажба.