Американската Амбасада во Белград нагласува дека е време учесниците во преговорите за конечниот статус на Косово да бидат креативни и флексибилни.
Според нив, Белград и Приштина мора да предложат решение кое нема да дојде од страна.
САД се подготвени да се вклучат во преговорите за да се изнајде заеднички договор, наведуваат од Амбасадата за српски медиуми.
Од американската Амбасада за весникот Блиц нагласуваат дека нормализацијата на односите ќе отвори јасна перспектива за двете земји за евентуално членство во ЕУ.