Актуелно 24.09.2018 10:54

Американскиот претседател ќе претседава со седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации

Американскиот претседател ќе претседава со седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп во среда ќе претседава со седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, а амбасадорката на САД при ОН, Ники Хејли, најави дека тоа ќе биде најгледаната седница.

Трамп досега претседавал со состаноци на управни одбори, кабинети и учествувал во телевизиски реални шоуа, но оваа седница во рамки на активности за време на заседание на Генералното собрание на ОН, тој на седница на Советот за безбедност ќе го критикува Иран, пренесува Ројтерс.

Шефот на Белата куќа ќе може да претседава со Советот за безбедност бидејќи овој месец САД претседаваат со тоа 15-члено извршно тело на ОН.

„Сигурна сум дека тоа ќе биде досега најгледаната седница на „Советот за безбедност“, рекла Хејли.

Таа додала дека не е планиарно на таа седница да се усвои некаква резолуција. Но, со оглед на непредвидливата природа на Трамп, некои дипломати не очекуваат настап како на ријалити во Советот за безбедност, каде речиси секоја членка ќе ја претставува или премиер или претседател, освен Русија и Кина, кои ќе бидат претставувани од страна на министри.

„Мислам дека воопшто нема да биде забавно“ рекол еден од високите дипломати на ОН.

Како што наведува Ројтерс, ова е редок случај, во Советот за безбедност, воспоставен во 1945 година, кога се состануваат шефови на држави или влади. Се работи за трет пат кога со Советот за безедност претседава американски претседател, а досега двапати претседаваше Барак Обама во 2009 и 2014 година.

„Воодушевен сум“ рекол рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, на прашањето што мисли за претседавањето на Трамп со седницата на Советот за безбедност. Тој додал дека не верува оти на седницата ќе се слушне нешто интригентно.