Намалена видливост на 50 метри поради магла има на планинскиот премин Стража, соопшти ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по претежно влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка и Ѓавато.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.