Секојдневно сме сведоци дека здравствениот систем во Република Македонија континуирано се руинира, а здравствените работници се деградираат и понижуваат. Владата на СДСМ и министерот за приватно здравство Венко Филипче се болест за јавното здравство. Стана повеќе од јасно дека министерот за приватно здравство, Венко Филипче, во договор со комерцијалистот Зоран Заев, и во соработка со најнеспособниот градоначалник на град Скопје Петре Шилегов го деградираат и во континуитет го приватизираат здравствениот систем, рече на прес конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
„Градоначалникот на Скопје, го остави дворот на Клинички центар да се претвори во депонија, а за сообраќајниот хаос во клиниките ги обвинува лекарите и здравствените работници. Повеќе од очигледно е дека оваа тројка на власт, не се свесни за значењето на јавното здравство во една држава. Заради тоа ги ставаат инвестициите во приватниот здравствен сектор, а во континуитет го уништуваат јавното здравство и ги понижуваат здравствените работници. Нема никаква реализација од најавуваните проекти за подобруваења на здравствениот систем кои ги вети СДСМ. Сведоци сме единствено на зајакнување на приватните здравствени болници. Такви се идеите за давање под концесија на трансплантацијата на органи, префрлување на Детската кардиохирургија во приватна клиника, физибилити студија за да се приватизира Итната медицинска помош, како и Домашна посета?!“
Андоновска вели дека министерот, наместо да ги зајакнува институциите на јавното здравство, прави континуирани напори како да приватизира некој дел од него.
„Пред да се реализира експериментот на владата на Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче за префрлање на детска кардиохирургија во приватно здравство, пациентите и граѓаните треба да добијат повеќе одговори. Затоа го прашуваме министерот Филипче каде се професорите и докторите од педијатрија и детските хирурзи да дадат свое мислење за овој проект? Сте ги прашале ли министер засегнатите родители? Знаете ли министер колкава е бројката на смртност, колку дечиња се реоперирани поради постоперативни компликации, каков квалитет на живот имаат овие деца, дали имаат соодветна терапија, во чии раце ќе ги доверите нивните животи, колку се стручни луѓето кои ќе оперираат и до каде сте министер Филипче со најавениот фонд за финансирање и лекување во странство на деца до 18 години предвиден во програмата на СДСМ, или и ова е една од многуте предизборни лаги???“
Андоновска јавно го повикува министерот Филипче и премиерот Заев, да стават мораториум на сите проекти за т.н. јавно приватно партнерство и приватизација на здравствениот систем, а особено приватизација на трансплантацијата.
-Постои голем ризик доколку оваа метода се префрли во приватните болници да дојде до појава на криминализација на постапката и постои голем ризик Македонија да биде ставена во групата на земји каде што се врши продажба на органи. Оваа метода треба да се развива под контрола на сериозни институции како национален координатор и заменик национален координатор, кои што треба да бидат целосно во тек за спроведување на овие процедури. Во спротивно најавениот развој на трансплантацијата ќе биде само уште едно неостварено ветување. Воедно апелираме до министерот Филипче, итно да го прекине проектот за детска кардиохирургија, мораториум на операциите и отворање широка јавна дебата од сите чинители, како би се донело најсоодветното решение во интерес на овие дечиња и нивните родители, посочи Андоновска.
„СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.Апелираме уште еднаш до премиерот Заев и министерот Филипче, да се стави мораториум на сите проекти за т.н. јавно приватно партнерство и приватизација на здравствениот систем, а особено приватизација на транпслантацијата и детската кардиохирургија.
Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија и опстојува повеќе од година и пол. Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилата и разградувањето на здравствениот систем.“, додаде Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.