Економија 30.07.2018 14:34

Анѓушев ги повлекол Брако и Каст-инвест и од повикот на Агенцијата за странски инвестиции

Анѓушев ги повлекол Брако и Каст-инвест и од повикот на Агенцијата за странски инвестиции

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев ги повлекол фирмите Брако и Каст-инвест од списокот можни добитници на државни пари од Агенцијата за странски инвестиции.

Одлуката за повлекување на фирмите од списокот на позитивно оценети компании за државна помош од Агенцијата за странски инвестиции, паднала денеска на седница во Владата.

Двете фирми, каде Анѓушев е ко-сопственик, конкурираа и добија неповратни средства со ко-финансирање на проекти од Фондот за странски инвестиции и технолошки развој, но тие се повлекоа од етички причини и судир на интереси по обелоденувањето во јавноста.