Актуелно 15.02.2019 14:27

Анѓушев се фали со инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во индустриксите зони, вели дека вработувале 25 илјади работници

Анѓушев се фали со инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во индустриксите зони, вели дека вработувале 25 илјади работници

Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања пред неколку дена гостуваше во емисијата „Економски магазин“ каде изјави дека мината година повеќе биле вработени во приватен сектор отколку во  државниот. Додава дека откако тој е составен дел од владата говори дека треба да се поттикнат и стимулираат сите квалитетни луѓе да работат во приватниот сектор.

Во моите компании има над 1.000 вработени таму секаде каде што имам сопственост, и можам да ви кажам дека на ниеден од тие луѓе не им текнало да одат во државен сектор пред се заради тоа што се и мислам подобро платени, нагласува Анѓушев.

Анѓушев се пофали дека расте бројот на вработените и во директните инвестиции странски каде што минатата година се само 17 на број во државава. А, многу брзо таа бројка ќе надмине 25-6.

Најголем дел кои што се вработени минатата година во државата не се во јавен сектор, бројките го кажуваат обратното. Тие се вработени најголем број во приватен сектор. И тоа се вработени значи и во домашните компании кои што го растат бројот на вработените и во директните инвестиции странски кои што минатата година се само 17 на број во државава. А, многу брзо мислам дека таа бројка ќе надмине 25-6. Тоа не смее да биде вештачки, тоа мора да биде на начин да компаниите да можат тоа да го издржат. Како компаниите ќе го издржат? Можат да го издржат ако произведуваат производи со поголема додадена вредност. И ние не можеме да збориме во Македонија за индустрија која што не е ориентирана, а таа пак од друга страна мора да биде продуктивна оти таму во извозот цел свет вие конкуренција, изјави Анѓушев.