Финансии 20.08.2018 12:51

Apple ја презема Tesla?

Apple ја презема Tesla?

Илон Маска овие денови се обидува да најде инвеститори и покажува сè повеќе и повеќе знаци на нервоза. Покрај тоа, е под зголемен притисок бидејки американските регулатори имаат намера да ги испитаат директорите на американскиот производител на електрични возила Тесла во врска со планираното повлекување на неговите акции од берзата.

Комисијата за хартии од вредност (SEC) побара од Тесла да ги достави релевантните документи и “да ја интензивира истрагата”, објави BBC.

Директорот на Тесла на 7-ми август објави на неговиот Твитер профил дека размислува да ги повлече сите акции на Тесла од берзата за да ја тргне компанијата од очите на Вол Стрит. Тој изготвил план за купување акции по цена од 420 долари по акција, наведувајќи дека “финансирањето е осигурано”.

Како потенцијален инвеститор се споменува Саудискиот инвестициски фонд (Public Investment Fund, PIF), кој веќе има околу пет проценти од сопственичкиот удел во Тесла.

Но, како што пишува “Business Insider”, Apple во меѓувреме објави дека го започнува проектот за својот автомобил, што би можело да биде интересна комбинација.

За Apple не би било проблем да плати 420 долари за акциите на Тесла, а би можеле да го исплатат и самиот Маск.

Автомобилот на Apple под називот “Project Titan” планира да влезе на пазарот во 2023 година. Сепак, иако Apple има ресурси, тоа е малку веројатно да се постигнат такви брзи резултати, бидејќи тие започнуваат од една скица, и е поверојатно да преземат некого за да помогне да се забрза процесот.

Тесла би можела да им биде “евтина” инвестиција во споредба со она што тие треба да инвестираат во изградба на целосно нов проект.

Со преземањето на компанијата, Apple не само што ќе добие автомобил, туку и ќе добие мрежа за полнење на електричni автомобилi, фабрика за батерии во Невада и како бонус и соларен извор на енергија. Apple ќе се позиционира како еден од главните играчи во енергетската индустрија.

Тоа ќе биде рекордна аквизиција на “Apple”, но превозот со електрични автомобили и самоуправувачки автомобили се чини дека се важни работи во 21-от век, пишува Business Insider.