Актуелно 02.11.2018 15:56

Арсовски: Економијата во Република Македонија бележи пад за над 30% од проектираниот

Арсовски: Економијата во Република Македонија бележи пад за над 30% од проектираниот

Економијата во Република Македонија бележи пад за над 30% од проектираниот. НБРМ го намали проектираниот раст на економијата од 3.2% на 2.3%. Ова е почитувани уште доказ за лошите економски политики на Зоран Заев. Ова е доказ за неспособноста на СДСМ, Заев, Тевдовски, Анѓушев и останатите во владата. Економското црно трио Заев-Тевдовски-Анѓушев се класични гробари на македонската економија за жал. Немањето капацитет и економски план за раст, односно, негрижата за бизнис секторот и за и така кревката економија, а единствено грижа за нивните лични бизниси и лични сметки ја доведе економијата на нашата држава до тука. Ветуваа 5, 6 и 7% раст, а веќе две години економијата тоне секојдневно, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски и додаде:

„Почитуваната Гувернерка на НБРМ образложувајќи го извештајот за макроекономските проекции за  период од 2018 – 2021 потенцира дека и така минималниот раст кој можеби ќе биде возможен до крајот на годината е благодарение на извозот од фирмите и инвестициите во слободните економски зони. Дополнително нивото на раст е катастрофално ниско и од ниското ниво на реализација на капиталните инвестиции кои за 3/4 од годината изнесуваат само 1/4 од годишно предвидените, ова е жално. Ситуацијата на сите им е јасно колку е лоша ако се земе предвид дека оваа влада сем задолжувања, ништо друго всушност не знае да работи. Неосновано и без потреба јавниот долг од почетокот на годината до септември е зголемен за скоро 400 милиони евра.“

-И покрај огромното задолжување, нема ниту раст ниту инвестиции. Никој не знае на што се потрошени близу 400 милиони евра нето задолжувања, во време кога проектираниот раст на економијата изнесува 2.3%. Каде ли завршиле милионите со кои што не задолжи оваа власт? Не смееме да дозволиме оваа економска катастрофа да продолжи. Доколку оваа темпо на задолжување без покритие и понатака се применува сериозно ќе се доведе во прашање способноста на економијата за сервисирање на долгот кој што веќе го имаме, а државата може да стане неликвидна и се стремиме кон тоа за жал. Граѓаните тонат во сиромаштија и се повеќе се зголемува бројката на сиромашни во Република Македонија. СДСМ мора да си замине. Што порано, толку подобро за економијата и граѓаните, дополни Арсовски.

Најнови вести