Уште еден нов скандал на криминалниот картел на Зоран Заев и на СДСМ. Криминалниот картел на чело со Зоран Заев повторно продолжува преку сомнителни тендери да испумпува милиони на сметки на фирми блиски до СДСМ, ова на прес конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Министерството за одбрана на чело со Радмила Шекеринска распишува повик, а Делукс – Ауто од Куманово, инаку многу познат донатор на СДСМ во повеќе кампањи наназад го добива тендерот во висина од девет ипол милиони денари, при што набавени се 11 возила од марката Шкода. Прашуваме како е можно Делукс – Ауто од Куманово, фирма која што не е генерален увозник на возилата од марката Шкода, туку само дилер од втора рака, се јавува како фирма која е поповолна од фирми кои што се генерални застапници на истите возила во Република Македонија? Фирмата Делукс – Ауто, која што е дилер на возила, не е и не може да биде поевтина од било кој генерален застапник на истите возила. Единствена предност на оваа кумановска фирма е тоа што се јавува на донаторските списоци на СДСМ каде што Радмила Шекеринска е заменик претседател, вели Арсовски.
Тој прашува дали СДСМ и Радмила Шекеринска со пари од граѓаните ги враќаат долговите кон фирмите донатори во партиските кампањи на СДСМ?
-Криминалниот картел ја претвори државата и парите на граѓаните во средство за поткусурување и враќање на стари долгови кон нивните донатори. Недозволиво е државата да се злоупотребува во име на партијата. Делукс – Ауто од Куманово, по тендерот од 1 милион евра од МВР, сега со амин на Радмила Шекеринска добива нов тендер од над 150 илјади евра. Ова почитувани граѓани, е начинот на кој што работи СДСМ. СДСМ не смее преку државните институции да враќа партиски долгови. СДСМ не смее да се расфрла со државните и со народните пари. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека сите институции мора да ги почитуваат законите и да се однесуваат согласно законските постапки, секое поразлично делување ќе биде санкционирано со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија. Оваа ненародна власт ги злоупотребува државните ресурси. Оваа ненародна власт додека ја распродава државата и потпишува капитулантски договори на кои што е сведок целата јавност, дели милионски тендери на свои блиски фирми. Овој начин на работа не смее да продолжи. СДСМ мора да си замине, криминалниот картел мора да падне и да се разбие за да конечно Република Македонија да тргне напред, потенцира Арсовски.