Зоран Заев кој зборот дебата не го вадеше од уста, сега бега од дебатата како ѓавол од темјан. Зоран Заев избега од дебатата на која го повика нашиот Претседателот, Христијан Мицкоски. Заев е кукавица кој за фотелја потпиша капитулација на Република Македонија. Всушност Зоран Заев е Премиер со зајачко срце, ова денеска го потенцираше Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова доволно говори дека Зоран Заев не сака да се соочи со граѓаните и дека не сака да одговори на прашањата поврзани со референдумот. Но, главното прашање е, кој му забранува на Зоран Заев да излезе и да се соочи со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски кој отворено јавно го покани на ТВ дуел односно дебата? Кој г-дине Заев Ве советуваше кукавички да бегате од ТВ дуел, каде што ќе треба да ги побиете сите аргументи на ВМРО-ДПМНЕ дека овој договор е капитулантски и го брише идентитетот, јазикот, историјата, малцинствата и се останато? Заев на дебатата ќе треба да каже зошто се откажа од македонскиот идентитет? Зошто институционалниот идентитет се губи и нема да бидат повеќе институциите со македонски идентитет? Зошто Владата ќе биде Влада на Северна Македонија?, прашува Арсовски.
Тој исто така тој прашува зошто ќе се менуваат личните карти, пасошите и сите останати документи?
-Зошто Зоран Заев го прифати членот 8 од договорот со Република Грција, според кој ќе треба да ја ревидираме историјата, археологијата и образованието? Зоран Заев на дебатата со нашиот Претседателот Мицкоски ќе треба да одговори на овие прашања и потоа да се соочи со јавноста. Колнејќи се во дедовината и нивата од која го црпнале, одејќи по жицата македонска, и дедовината ја продаде и жицата од македонска ја прекрсти во северномакедонска. Зоран Заев со бегањето од ТВ дуел, бега од граѓаните, исто како што кукавички го преговараше и го склучи сам овој капитулантски договор за Република Македонија, криејќи се од целата јавност. Зоран Заев доколку бега цело време од ТВ дуелот и не се соочи на дебатата со Претседателот Мицкоски ќе остане истиот Заев со зајачко срце. Затоа, граѓаните на Република Македонија сами ќе одлучат за својата иднина како ќе постапат, истакнува Арсовски.