Живот 24.09.2018 16:43

Астон Мартин вреди милијарди

Астон Мартин вреди милијарди

Астон Мартин Лагонда, производител на омилен спортски автомобил Џејмс Бонд, планира да привлече 1,27 милијарди фунти (1.67 милијарди долари) на берзата.
Производителот на луксузни автомобили објави дека ќе продаде 25 отсто од акциите по цена од 17,5 до 22,5 фунти по акција, со што пазарната вредност на компанијата ќе изнесува 5,07 милијарди фунти (6,7 милијарди долари).

“Астон Мартин” рече дека точната цена ќе биде одредена на почетокот на октомври. Астон Мартин рече дека Дајмлер ќе остане акционер и дека следните 12 месеци нема да го намалат своето учество од 4,9 проценти.

Директорот на “Астон Мартин”, Енди Палмер, рече дека продажбата на акции “ќе им овозможи на инвеститорите да учествуваат во идните успеси” на компанијата. Астон Мартин е основана во Лондон во 1913 година.