Економија 03.12.2018 23:03

Audi ветува дека Q4 ќе биде повеќе од купе верзија на Q3

Audi ветува дека Q4 ќе биде повеќе од купе верзија на Q3

Оваа година, „Audi“ претстави два кросовера – „Q8“ и „e-tron“, и сега ја подготвува премиерата на третиот – „Q4“. Ова ќе биде купе модел развиен врз основа на прототипот „TT Offroad Concept“ презентиран во 2014-та година (на сликата).

Според дизајнерот на брендот, Андреас Миндт, идниот „Audi Q4“ ќе биде „повеќе од купе верзија на „Q3“ и значително ќе се разликува од овој модел“. Миндт не даде понатамошни детали во врска со идниот крос-купе модел, но тој откри дека ќе биде достапен на почетокот од 2019-та година, а основната верзија ќе чини 31.000 евра.

Според „Carscoops“, должината на „Q4“ ќе изнесува 4.500 mm, што е 110 mm повеќе од „Q3“. Ова ќе им даде повеќе простор на патниците на задните седишта. Покрај тоа, во кабината ќе биде инсталиран нов инфо-забавен систем со дисплеј од 9,2 инчи.

Идниот „Audi Q4“ ќе ја користи платформата „MQB“ на „VW Group“. Под капакот ќе бидат поставени 4-цилиндрични бензински и дизел агрегати, а топ-верзијата ќе добие 2,5 литарски мотор со турбополнач и 5 цилиндри од „RS3“ моделот. Ќе работи во комбинација со електричен мотор, а само со овој агрегат оваа верзија ќе достигне до 50 км.