Банкарство 13.12.2018 17:57

Аванс на дивиденда за акционерите на Стопанска банка

Аванс на дивиденда за акционерите на Стопанска банка

Собранието на акционери на Стопанска банка АД Скопје донесе одлука за прераспределба на дел од
акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите.
“Собранието на акционери на Стопанска банка АД Скопје ја одобрува прераспределбата на дел од
акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите во вкупен износ од
489.808.811 денари“, стои во одлуката.
Надзорниот одбор на банката донесе одлука за начинот на пресметување и исплата на аванс на
дивиденда за обични акции на Стопанска банка АД Скопје за првата половина на 2018 година.
“Стопанска банка ќе изврши исплата на аванс на дивиденда по обични акции за 2018 година во вкупен
бруто износ од 1.274.593.140 денари или бруто износ од 73 денари по акција, согласно периодичните
финансиски извештаи за периодот од 01.01.2018 до 30.06.2018 година“, стои во одлуката.
Авансната исплата на дивиденда на обични акции ќе биде исплатена од добивката на банката
реализирана во првата половина на 2018 година, односно до 30.06.2018 година.
Датум на евиденција според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на аванс на
дивиденда, односно датум на пресек на Акционерската книга е 26.12.2018 година. Последен ден на

тргување со право на дивиденда е 24.12.2018 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е
25.12.2018 година. Исплатата на дивидендата ќе започне од 27.12.2018 година.
Надзорниот одбор на Стопанска банка, исто така, донесе одлука за начинот на пресметување и исплата
на аванс на дивиденда за приоритетните акции на банката за првата половина на годината.
“Стопанска банка АД Скопје ќе изврши исплата на аванс на дивиденда по приоритетни акции за 2018
година во вкупен износ од 1.137.220 денари или бруто износ од пет денари по акција“, стои во одлуката.
Основицата за пресметка на авансот на дивидендата изнесува 90.977.600 денари (227.444 приоритетни
акции со номинална вредност од 400 денари по акција).
Датум на евиденција според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на аванс на
дивиденда, односно датум на пресек на Акционерската книга е 26.12.2018 година.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 24.12.2018 година. Прв ден на тргување без право на
дивиденда е 25.12.2018 година. Дивидендата ќе се исплати во вид на еднократно плаќање во законски
предвидениот рок.