Најмалку 18 луѓе се повредени откако авион синоќа излета од пистата и делумно се запали на аеродромот во Сочи, соопшти руското Министерство за здраство.
Боинг 737 со 164 патници и шест членови на екипажот леташе од Москва за Сочи.
Меѓу повредените има и три деца.
Авионот излета од пистата при слетување, ја проби заштитната ограда и заврши на брегот на реката во близина. Потоа се запали тркалото и крилото на авионот, како и левиот мотор.
Поради инциднетот денеска се одложеби 20-тина летови од аеродромот во Сочи