Мозаик 07.12.2018 14:54

Авиопревозот во Европа урива рекорди

Авиопревозот во Европа урива рекорди

Авиопревозот во Европа урна уште еден рекорд – минатата година биле превезени милијарда и четириесет и три патници по воздушен пат, соопшти Евростат.
Тоа претставува зголемување од седум отсто во однос на 2016.

Најголемиот број патници е регистриран на лондонскиот аеродром Хитроу со 265 милиони лица, следуваат аеродромите во Германија, Шпанија, Франција и Италија.

Најзначајните зголемувања се забележани во Словенија со плус дваесет отсто, како и во Луксембург, Естонија, Бугарија, Малта, Хрватска и други.

Авиопревозот во Европската Унија претставува 47 отсто од вкупниот европски аеротранспорт, и 36 отсто надвор од ЕУ.