Живот 07.06.2018 11:38

Австралијaнка за само една недела двапати добила голема сума на лотарија

Австралијaнка за само една недела двапати добила голема сума на лотарија

Човек од југоисточна Франција минатиот месец на лотарија освоил еден милион евра, а кога го повикале од продажното место каде што го упплатил победничкиот билет, за даму ја кажат среќната вест, господинот звучел прилично рамнодушно, пишува ББЦ. Но неговата реакција можеби и не е така чудна бидејќи на истиот човек му се посреќило во ноември 2016 година кога исто така добил милион евра.

ББЦ објави дека Французинот продолжи да игра, и тоа секоја недела, а неговата втора добивка во помалце од две години математички може да се пресмета вака- еден наспроти 16 трилиони. Но ниту оваа добивка нема да го запре да продолжи да игра, бидејќи, како што рекол „ верува дека добрите работи се случуваат три пати“.

Освен Французинот, кој и овој пат сакаше да остане анонимен, среќата и тоа како му се насмевнала и на некој на другиот крај на светот, имено, минатиот месец, една Австралијка за само една недела двапати победила на лотарија, со што банкарската сметка ја здебелила за околу два милиони австралиски долари.