На 28.12.2018 година во 18:50 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај Дебрешки надвозник, се случила сообраќајна незгода во која автобус со гостиварски регистерски таблици управуван од А.А.(50) од с.Долна Бањица – гостиварско, удрил во пешакот И.Д. (52) од с.Форино-гостиварско.
Од повредите на местото на настанот починал И.Д..
Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител возачот А.А. бил лишен од слобода и задржан во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка.
Се работи на целосно расчистување на случајот.