Граѓаните на општина Аеродром денеска се собраа на протест откако завчера Уставниот суд донесе одлука да не поведе постапка по поднесувањето на иницијативи за ДУП И10, со што е опфатена и парцелата кај Мајчин дом.
Демонстрантите реагираат дека градоначалникот Марин треба да преземе сериозни чекори и оти како градоначалник треба да знае како да се справи.
-И понатаму бараме оставка од градоначалникот Златко Марин, затоа што се покажа дека не умее да ги исполни предизборните ветувања. Деновиве сме сведоци на менување на Уставот, тоа значи дека возможно е да се промени ДУП-от, велиИскра Манојлоска од граѓанска иницијатива „Сакаме Аедродром да дише“.
Минатиот месец во јавноста протекоа информации дека општина Аеродром издала дозвола за изградба на зграда до Мајчин дом, по што локалните жители одржаа протест на 9 октомври.
Потоа градоначалникот Марин издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи, а жителите повторно се собраа на 10 октомври со цел да бараат зграда на тоа место воопшто да не биде изградена.