Економија 13.08.2018 17:28

„Балкан енерџи груп“ нуди можност за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија

„Балкан енерџи груп“ нуди можност за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија

До 15 септември Снабдување со топлина „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) нуди можност за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија продолжувајќи ја акцијата за бесплатен приклучок од претходните грејни сезони.

Акцијата за приклучување ќе биде спроведена по принципот прв пријавен, прв услужен, а ќе важи за сите заинтересирани корисници што имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за толинска енергија.

Во минатогодишната акција од сличен карактер можноста за бесплатно приклучување ја искористија речиси 3.000 корисници, а со новото намалување на цената на топлинската енергија за новата грејна сезона од 3,1 отсто од БЕГ очекуваат интересот за приклучување на системот на централно греење со топлинска енергија да се зголеми.

За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што побргу, а најдоцна до 15 септември, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од наплатните центри на Снабдување со топлина „Балкан енерџи“. За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа на потрошувачите на БЕГ, на телефонскиот број 02 3076 200.