Актуелно 23.10.2018 11:29

Грејната сезона е на самиот почеток а загаденоста веќе неколку пати го минува дозволениот праг на штетни честички во воздухот

Грејната сезона е на самиот почеток а загаденоста веќе неколку пати го минува дозволениот праг на штетни честички во воздухот

Институциите само на хартија се залагаат за спроведување на 39те прифатени  мерки за намалување на загадувањето. Нема информација колку и какви активности  се преземени. По  последниот интерсекторски состанок во министерството за животна средина, заклучокот на центарот Еко Свест  е дека институциите не се отчетни за својата работа.

Грејната сезона е на самиот почеток а загаденоста веќе неколку пати го минува дозволениот праг на штетни честички во воздухот. Еко Свест реагира дека до сега ниту законот за возила кој предвидува еколошки налепници, се уште не е потпишан од министерот за економија.

Од министерството за економија одговорија дека законот за возила не е потпишан бидејќи  текстот требало да претрпи измени кои биле констатирани на владина седница.

Од Градот Скопје тврдат дека интезивно и системски работат на активностите од планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. Од аспект на загревањето велат формирано е новото јавно претпријатие Градски енергетски системи кое  ја реализира постапката за преземање на градската топлификациона мрежа. Во меѓувреме, сезоната започна а  вториот јавен повик за субвенционирање на печки на пелети се уште не е објавен.

„Во јавниот повик распишан во мај годинава беа доделени 187 субвенции за набавки на печки, а набргу ќе се распише и уште еден ваков јавен повик.“

Градските власти тврдат дека паралелно се преземаат повеќе мерки , како чистење на диви депонии, засилени конроли особено во Лисиче, Варариште, Злокуќани, изградба на нова вело инфраструктура, садење дрва.

„Во однос на сообраќајот, Градот Скопје инвестира големо време и енергија во промоција на транспортен систем кој е модерен и еколошки, преку користење на јавниот превоз, како и комбинирани форми на превоз без автомобили.

Поради осовременување на јавниот превоз со нови модерни и еколошки автобуси, Градот Скопје е во постапка на набавка на најмалку 30 нови автобуси на еколошко гориво и ќе ги заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема. Истото ќе се финансира со задолжување кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра.

Додека граѓаните ги чекаат институциите да го решат проблемот со изворите на загадување, спас и оваа зима ќе биде ветерот.