Актуелно 13.11.2018 12:46

Банките почнуваат да делат дивиденди за да го избегнат зголемениот данок на Тевдовски

Банките почнуваат да делат дивиденди за да го избегнат зголемениот данок на Тевдовски

Откако во јавноста излезе информацијата дека Владата планира да ја спроведе реформата на прогресивното оданочување голем дел од експертите го критикуваа ваквото решение за прибирање на повеќе средства во буџетот. Голем дел од познавачите на оваа материја коментираа дека со ваков чекор Владата и Министерството за финансии додатно ќе стимулираат сива економија како последица на одбегнување на плаќање на повисока стапка на данок и секако заминување на голем дел на луѓе кои се наоѓаат во тие 1 % надвор од земјата со што државата би изгубила на економски план и секако огромен човечки потенцијал во кој што вложувала.

 

И покрај советите на Стопанските комори и голем дел од експертската јавност за пролонгирање на спроведувањето на овој закон сепак Владата и Министерството за финансии останаа упорни во намерата дека оваа реформа треба да се спроведе на почетокот на следната година.

Како информација оваа реформа не ги опфаќа само платите  туку и договорите на дело преку хонорарите кои што се најчесто луѓе кои преставуваат дефицитарни професии во Република Македонија како и оданочување  на дивидендите и слично.

Така , како одговор на одлуката на Владата и Министерството за финансии на одлуката за прогресивно оданочување една од најголемите банки во Македонија почна со активности за избегнување на плаќање на повисок данок.

Стопанска банка Скопје“ за прв пат во историјата на корпоративна Македонија ќе исплати авансна дивиденда од 20,7 милиони евра. Тоа е дивиденда од добивката за пола година. Секоја обична акција на својот сопственик на 27 декември ќе му донесе дивиденда од 65,7 денари.

На информациската платформа на Македонската берза се објавени предлог одлуки за претстојно вонредно акционерско собрание на „Стопанска банка Скопје“ на кое банката авансно ќе распредели 20,7 милиони евра дивиденда на своите акционери – иматели на сопствени акции. Тие средства се од тековната добивка за првите шест месеци годинава.  Акционерите ќе гласаат и за точка со која 7,03 милиони евра од тековната добивка за првата половина ќе ги вложи во основачкиот капитал и во иднина тие нема да може да се распределуваат во дивиденда.

 

Исто така на дневен ред на претстојното собрание банката ќе префрли 7,9 милиони евра акумулирани добивки во акумулирана добивка која не е расположлива за исплата во дивиденда. Тоа значи дека и тие пари нема да ги фати новата даночна реформа.

Стопанска банка идната година кога се предвидени даночните измени со ваквата одлука ќе избегне плаќање поголем данок.

Инаку со измените за  прогресивното оданочување  се опфатени и дивидендите на кој данокот е зголемен од 10% на 15 %.

Експертите велат дека ова е резултат на игнорантскиот однос на Владата и Министерството за финансии кон стопанството и кон главните чинители на економскиот живот. Тие сметаат дека голем дел од банките и  сите оние кои се зафатени  со оваа реформа ќе ги искористат сите расположливи средства за да го избегнат повисокиот данок. Со ваквите пребрзи и несоодветни решенија само се прави додатна штета на економијата и на целокупното нејзино функционирање коментираат познавачите.

Одлуката на Стопанска Банка може да ја видите тука:

https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=44407