Швеѓаните бараат кандидат за учество во експериментален уметнички проект , каде се гарантира плата од над 2 000 долари до крајот на животот, но под еден услов.
За концептуалниот уметнички проект во Гетеборг се бара еден кандидат , кој не тереба ништо да работи. Во проетот , финансиран од Владата на Шведска , вработениот ќе треба секој работен ден да се појави на железничката станица, која сега се гради и да го пријави своето присуство.
Потоа се вклучуваат бројни флуоресцентни светла преку платформата , што ќе биде знак дека бескорисен работник стигнал на работното место. Потоа лицето може да работи што сака , или ништо не мора да работи , се до крајот на работното време , кога треба да ги изгасне светлата.
Во текот на работното време лицето не мора да биде на работното место или кога сака може да даде отказ. Во спротивноп , работата му е загарантирана до крајот на животот. Одбраниот кандидат освен платата од 2320 долари , ќе добива и годишни покачувања, право на годишен одмор и пензиско осигурување.
До идејата дошло лани кога уметниците биле повикани за дизајн на железничката станица , со награда од 7 милиони круни з апобедникот. Но , победниците не сакале да ја земат наградата , туку дале идеја еден човек до крајот на животот ништо да нe работи , а да зема плата.
Се утврдило дека со годишните зголемувања и платата , може таа личност да работи 120 години.
Многумина , по објавувањето во шведските медиуми , решиле да се пријават , но бидејќи станицата во Корсваген се гради , работната позиција ќе биде слободна од 2026 , а апликациите ќе може да се поднесуваат една година претходно.