Банкарство 03.08.2018 12:07

Barclays објави три пати повисок профит за кварталот

Barclays објави три пати повисок профит за кварталот

Британската банка „Barclays“ го возврати ударот од активистот инвеститор Едвард Брамсон со силно тримесечно претставување на инвестициското банкарство, што помогна на групата да земе речиси тројно повисока добивка пред даноците за периодот.

Поддржана од силната трговска активност со акции во трите месеци до крајот на јуни, меѓународниот оддел на „Barclays“ најави раст на годишна основа на добивката пред даноците и на приходите. Ова ги засилува мотивите на банката да вложи средства во инвестициското банкарство, а не да се откаже од него.

Стабилното претставување на инвестициското банкарство, кое наликува на силните резултати од трговија на американските конкуренти, придонесе до раст од над 10% на приходите на „Barclays“. Приходите се подигнале малку и во британската единица и сето тоа резултираше со здрав профит пред даноците по загубата во минатата година.

Оперативните трошоци на групата се намалиле за 2,6%, а пониските судски трошоци и помогнале на банката да постигне нето добивка од 1,2 милијарди фунти – со повеќе од една третина над очекувањата на аналитичарите и наспроти загубата од 1,4 милијарди фунти за истиот период од минатата година.

Профитот пред даноците пак изнесува 1,9 милијарди дунти, наспроти 659 милиони фунти за вториот квартал од минатата година.

Банката предложи привремена дивиденда од 2,5 пени и изјави дека е на пат да ја зголеми повеќе од двапати во годишната дивиденда – до 6,5 пени за оваа година. Банката има поврат на капиталот од 11,8% и рече дека ќе ја намали целта од малку над 9% следната година.

Главниот извршен директор Џес Стејли изјави: „Второто тримесечје нагласува забрзување на темпото на спроведување во „Barclays“. Тоа е бизнис, кој се претставува добро, откако ги решивме предизвиците од изминатата деценија“.

Во најдобрите од очекувањата резултати може да одземе дел од притисокот врз „Barclays“ од страна на инвестицискиот фонд на Брамсон, „Sherborne“, кој неодамна стана еден од најголемите акционери со удел од 5,4% во банката.

Засега Брамсон не дал јавни изјави, но според близок до него извор тој веројатно сака од „Barclays“ да врати на акционерите 23 милијарди фунти од капиталот од делот за корпоративно и инвестициско банкарство.

„Barclays“ сепак изјави дека приходите на единицата за трговија со фиксен принос се намалени за 2%, додека оние од трговијата со акции скокнаа за 32%.