Во наредните неколку дена ќе има околу четириесеттина огласи за вработување во јавните здравствени установи низ државава, велат упатени во оваа област за „Здравство“. И сето ова се случува во период кога во тек е кампања за претстојниот референдум, што треба да се одржи на 30 септември.
Упатените во оваа проблематика посочуваат дека колку и да се потребни и да недостасува кадар во здравството, на овој начин ќе има доста пропусти во селекција на кадарот.
Или на крај се ќе се сведе на примарање на партиски подобни кадри, а не соодветен и квалификуван кадар. Вработувања или огласи за вработувања има во следните клиники, Клиниката за детски болести, Клиниката за радиотерапија и онкологија, во ЈЗУ Неготино, Велес и други.