Балкан енерџи груп ќе ги грее Скопјани и следната зима и покрај најавите од градот Скопје дека ќе ја преземе дистрибутивната мрежа со формирање на ново претпријатие за дистрибуција.
Според менаџментот, компанијата нема никакви проблеми и е во стаболна состојба, а за дистрибуирање на парното греење има 35 годишна лиценца.
„Компанијата БЕГ ја подготвува новата грејна сезона и без никакви дилеми ќе има стабилен и сигурен почеток на грејната сезона. Нашата компанија и финансиски и кадровски е подготвен ада ја продолжи успешната работа.“ – изјави Димитар Кочовски, генералникот директор на БЕГ.
Кочовски потврдува дека веќе соработуваат со Градот за да ја зголемат искористеноста на системот, но и за справуавње со загадувањето. Од Градот Скопје, пак остануваат на ставот дека не се откажуваат од идејата за преземање на дистрибитивниот систем, но тоа ќе го направат врз основа на Законот за енергетика кој ќе стапи на сила од идната година.
„Град Скопје, планира дистрибутивниот систем да го прземе врз основа на законски процедури, при што не би настанала никаква штета за никого, а за постапките повеќе детаљи ќе се објават во текот на нивното конкретно реализирање.“
Менаџментот на БЕГ не прецизираше дали ќе има промена на цената на парното за наредната сезона. Тоа ќе се знае во август, со одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Иако на Балкан енерџи производство, фирма ќерка на БЕГ и е замрзант имотот поради судско рочиште закажано за идниот вторник, менаџментот на компанијата тврди дека се далеку од стечај. Престечајна постапка се води и за АД Топлификација, компанија во чија сопстевност се топланите од каде што доаѓа парното на БЕГ.