Економија 17.08.2018 13:50

Бектеши не знае зошто расте бројот на банкротирани фирми

Бектеши не знае зошто расте бројот на банкротирани фирми

Не може со сигурност да се каже која е конкретната причина за зголемиот број на банкротирани фирми во минатата година. Министерството за економија нема направено измени во регулативата во 2016. и 2017. година. Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека политичката криза е една од можните причини за овој раст.

– Што се однесува до постапката за влез и излез од пазарот, таа ја води Централниот регистар. Имајќи ја предвид и постапката за бришење на нефункционалните компании од страна на Централниот регистар на Република Македонија. И тоа може да биде една од причините, вели Бектеши.

Народната банка на Република Македонија во извештајот за финансиска стабилност за минатата година објави дека бројот на затворени фирми се зголемил од 2,1 на 3,2 отсто во однос на 2016. година.

Најнови вести