По денешната седница на косовската Влада, закажана за 14 часот, ќе биде познат исходот од реакциите на земјите од регионот, а посебно на Македонија, за одлуката за зголемени царини на овошјето и зеленчукот.
Министерот за економија Крешник Бектеши час подоцна, во Скопје на прес-конференција ќе соопшти соопшти дали косовската Влада ги земала предвид аргументите на македонската Влада, презентирани од него на петочниот состанок во Пришитна.
Бектеши во петокот имаше средба со косовскиот колега Бајрам Хасани но, се врати без конкретен договор.
Косово на 18 јули воведе одлуката за 30 отсто повисоки царини со најава дека ќе трае три месеци и ќе важи за сите земји извознички на овошје и зеленчук во Косово.