Актуелно 14.10.2018 10:41

Белата куќа ја разгледува листата на кандидати за претставник на САД во ОН

Белата куќа ја разгледува листата на кандидати за претставник на САД во ОН

Белата куќа ја разгледува листата на кандидати за функцијата дипломатски претставник на САД во Обединетите нации, вклучувајќи и две искусни амбасадорки – Џејми Мекорт и Кели Најт Крафт, јави Танјуг.

Високи претставници на Белата куќа велат дека претседателот Доналд Трамп преферира да избере жена за заменик на Ники Хејли и да побара некој кој е веќе во администрацијата.

Џејми Мекорт е амбасадорка на САД во Франција и Монако, а Крафт е амбасадорка во Канада, сопруга на рударски магнат и голем републикански донатор.

Прв фаворит за наследничка на Хејли беше Дајна Пауел, поранешен заменик советник за национална безбедност, но нојзиното име испадна од списокот потенцијални кандидати.