Ново поскапување на цените на нафтените деривати. Од вечерва на полноќ цената на бензните се зголемува за денар а дизелот за половина денар.
09.07.2018 14:57:09
Ново поскапување на цените на нафтените деривати. Од вечерва на полноќ цената на бензните се зголемува за денар а дизелот за половина денар.
Според одлуката на регулаторната комисија новата цена на еуросупер бс-95 ќе изнесува 72 денари, на еуросупер бс-98 ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари за литар. А се зголемува и цената на мазутот. новите цени важат во следните две недели.