Актуелно 16.07.2025 09:43

Безбедноста на патиштата се подобрува: За 12,5 проценти намален бројот на сообраќајни несреќи со загинати лица

Безбедноста на патиштата се подобрува: За 12,5 проценти намален бројот на сообраќајни несреќи со загинати лица

Безбедноста на патиштата постојано се подобрува – тоа е резултат на нашата посветена работа, јасна визија и цврст приоритет за заштита на сите учесници во сообраќајот, објави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

Статистиките говорат за делата.

Продолжуваме по истиот пат: одговорно, транспарентно и со фокус на животот и безбедноста на секој граѓанин, истакнува Јанев.