Актуелно 28.06.2018 13:58

Бездомниците ќе почекаат, допрва се анализира ветената градба на преноќевалиште за бездомници

Бездомниците ќе почекаат, допрва се анализира ветената градба на преноќевалиште за бездомници

Денес градоначалникот Петре Шилегов најави дека допрва се разгледува можноста за градба на ветениот дом за бездомници кои би се згрижиле бездомниците на територијата на град Скопје.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија Анета Стојановска Стефанова на седницата посветена за советнички прашања постави прашање до каде е реализацијата на проектот за градба на дом за бездомници во кои би можеле да преноќеваат и да добијат пристојни услови за престој, да им се обезбеди покрив над глава особено во студените денови.

Градоначалникот Шилегов изјави дека иако проектот бил предвиден во неговата програма за негова реализација е потребна консултација и поддршка од централната власт. Тој не прецизираше кога ќе почне да се гради, но и дека на територијата на град Скопје има 452 бездомници и дека до крајот на годината ќе се обезбеди реконструкција на капацитетот за бездомници во момин поток кој може да обезбеди само 50 легла.

Шилегов немаше конкретен одговор кога ќе почне да се гради тој капацитет ветен во програмата, со цел да им се помогне на бездомниците.

Најнови вести