Крис и Денис Тудор Велан се запознале во 1989. година, кога двајцата работеле во еден трговски центар. Се заљубиле, се венчале и започнале бизнис кој им донел вистинско богатство.
Нивниот живот изгледал како вистинска бајка, се до кризата во банкарскиот сектор во 2007. година, во која останале без се’ што заработиле. Имено, Тудор Велан започнале бизнис со недвижности и градежништво, а истиот во 90-тите години им “цветал”.
“Направивме бизнис од ништо, често станувавме во 4 часот наутро и работевме 7 дена во неделата. Доколку ни пропаднеше бизнисот затоа што сме биле невнимателни, ќе разберев, ќе сфатев доколку луѓето мислеа дека сме го заслужиле ова. Но ништо од ова не е наша грешка”, вели Крис за Daily Mail.
Се пријавиле за социјална помош
Ќерките ги преместиле во државни училишта, ги продале автомобилите, а бидејќи не можеле да пронајдат работа, Крис и Денис морале да се пријават за социјална помош. Сега примаат по 217 фунти на секои 2 седмици, и живеат во куќа која ја изнајмиле од пријатели кои останале крај нив во најтешките моменти.
“Ни кажаа да направиме две CV-јa, едно вистинито, кое го содржи сето мое работно искуство и едно лажирано. Се пријавив за стотина работи, од кои речиси ниедна не беше со повеќе од 50.000 фунти годишна плата. Ми кажаа да се јавам за работа кај помошниот менаџер во Теска или Бургер Кинг, и токму тоа го направив. Таму ми рекоа дека тие работи “не се баш за мене”. А јас би работел било што”, вели Крис.
И тој и сопругата во последните 6 години имале суицидни мисли, но обврските кон децата ги натерале да се носат со новата реалност.