Економија 27.09.2018 23:23

Трговскиот притисок од САД може да предизвика значителна рецесија во Германија и во Европа

Трговскиот притисок од САД може да предизвика значителна рецесија во Германија и во Европа

Секоја последователна ескалација на трговскиот притисок предводена од САД може да предизвика значителна рецесија во Германија и во Европа. Ова беше предупредено од некои од водечките германски економски институции во извештајот подготвен за владата во Берлин.

Во своите заклучоци институтите исто така посочуваат дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за наметнување на царина за увозот на автомобили од Европската унија ќе чини работни места и ќе им наштети во продуктивноста и просперитетот на Германија.

„Контрамерките на ЕУ најверојатно ќе го забават економскиот пад во Унијата и ќе предизвикаат значителна рецесија во САД“, се вели во извештајот на институтите, цитиран од агенциите.

Властите во Брисел веќе најавија дека ќе одговараат соодветно, ако Трамп воведе дополнителни давачки врз автомобилскиот увоз, додека двете страни водат преговори за тоа како можат да се избегнат трговските бариери меѓу себе.

Значајните и опсежните дополнителни давачки од Вашингтон во меѓувреме „веројатно ќе предизвикаат огромна рецесија во Германија и во Европа“, се вели во извештајот.

Сепак, не постои временска рамка за развој на такво сценарио.

Институтите, исто така, ја намалуваат нивната прогноза за растот на германскиот бруто домашен производ на 1,7% од 2,2% во 2018-та година.

Потегот следеше по одлуката на Федерацијата на германските индустрии исто така да ги намалуваат прогнозите до 2% од 2,25%, наведувајќи ја како причина слабата побарувачка на германскиот извоз поради американските трговски политики и „Brexit“, како и поради заканите за економијата од ксенофобијата во земјата.

Германија, каде една третина од работните места зависи од извозот, ќе биде сериозно погодена од какви било царински давачки за увозот на автомобили, со оглед на големината на секторот.

Институтите исто така ги посочуваат и монетарните кризи во Турција и Аргентина, како и можноста за „Brexit“ без договор, како економските закани пред Германија.